Тенисерите се подготвуваат за новата сезона иако оваа календарска година официјално не е завршена, но повеќе од јасно е дека главните настани се зад нив и сега фокусот е ставен на 2024 година.
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски ја започна претсезоната во Дубаи и тоа во друштво на првиот светски рекет, србинот Новак Ѓоковиќ.
Ивановски и пред некое време можеше да тренира, соработува со Србинот кој воедно е негов идол, а овие средби треба да му помогнат да научи некои работи, да прифати совет и секако дополнително да напредува што е главна цел.