Жирона продолжува со фантастичните игри во шпанското првенство, па по сензационалниот триумф над Барселона на гости минатата недела (4-2) дојде  и до осмата победа во последните девет натпревари во Ла Лига и тоа на домашен терен против Алавес (3-0).

Победата на најпријатното изненадување сезонава ја најави украинецот Довбик во 23. минута, додека Порту пред крајот на првото полувреме веќе зголеми на 2-0. Довбик го постави и конечниот резултат во 59. минута од пенал.

Жирона по 17. кола од шпанската елита има 44 бодови, два повеќе од Реал Мадрид, а дури девет во однос на третопласираната Барселона.

 

Џирона не сака да застане. Можеби беше сензација, но сега е тим кој сериозно конкурира во трката за шампионската титула. Каталонскиот тим ја оствари 14. победа оваа сезона во Ла Лига.