Олимпик Марсеј славеше против Ница со 2-1 за втора победа по ред во Лига 1 и намалување на негативата зад лидерот ПСЖ на 12 бодови.
Аркадиуш Милик во 48. минута беше прецизен од белата точка и го постигна првиот гол на мечот, додека победата ја потврди Бакамбу во 89. минута. Гостите успеаа само преку Лемина да намалат на 1-2.
Марсеј има 53 бодови, односно еден повеќе од третопласираниот Рен, како и 12 помалку од лидерот ПСЖ, кој игра очајно во последно време.