Фабрицио Романо пред неколку дена објави дека Ал Наср испратиле понуда од 3,5 милиони евра за Димитриевски во Мадрид, но „пчеличките“ ја одбиле понудата, а сега Галети потенцира дека македонскиот чувар на мрежата ги договорил личните услови со клубот во Саудиска Арабија, па сега Ал Наср веројатно со повеќе пари ќе треба да го убеди Рајо за да им го продаде македонскиот репрезентативец.

Сепак, со резерва треба да се земат и овие информации, зашто Димитриевски пред неполна недела објави дека го интересира само Рајо Валјекано .