Европската ракометна федерација (ЕХФ) се „фати“ за чорапите на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои не биле идентични, барем според извештајот на делегатите на дуелот против „дежела“. Ова не е ниту изненадувачки бидејќи ни се случува речиси на секое големо првенство на кое настапуваме, со напомена дека досега плаќавме по 500 евра за ваков прекршок (2016 и 2017), односно по 1.000 евра (2018), а сега санкцијата е двапати односно четири пати поголема.
Македонија вечерва го игра вториот меч на континенталниот собир и тоа против Црна Гора (18 часот), во кој ќе треба да се исправи овој пропуст ако не сакаме РФМ повторно да добие парична казна, која овој пат би можела да биде удвоена.