Европскотo првенство останува да биде едно големо искуство. Македонија немаше среќа ниту со Ковид-19, ниту со повреди. Лазаров, Манасков, Марковски, потоа Маџовски, на крајот и Кузмановски, сите имаа проблем со повреди. Митревски ја прескокна Словенија поради Ковид-19, додека Стоилов од истата причина не играше против Црна Гора и Данска.
Подмладувањето кое се најавуваше започна од ова Европско првенство кое го завршивме како последни во групата со три порази.
Статистиката од овие причини е променета, Лазаров, дефинитивно фалеше во составот на Македонија, неговото искуство, и лидерство е непроценливо, да не зборуваме за неговите погодоци,кои што секако многу недостасуваат.
Бројките се скромни.
КУЗМАНОСКИ ЕДИНСТВЕН „ПЕНАЛЏИЈА“ И ПРВ СТРЕЛЕЦ
Цветан Кузманоски со 15 голови е прв стрелец, осум од нив ги постигна од седум метри (8/11), пет ги постигна од крилна позиција, додека два од контра.
Зад Кузманоски е Мартин Велковски со 11 погодоци од 17 обиди. Топ 3 листата ја сочинува Жарко Пешевски, кој има десет погодоци од 12 обиди. Ова се тројцата играчи кои имаат двоцифрен број на голови.
Филип Кузмановски има девет, но тој поради повреда го напушти теренот против Данска во 12. минута, седум запиша Талески.
ВЕЛКОВСКИ СО НАЈМНОГУ ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ
Мартин Велковски е играчот кој има најмногу загубени топки на ова Европско првенство. Зад неговото име стојат вкупно 10. На второто место е Филип Кузмановски со седум, додека една помалку има Филип Талески.
ВЕЛКОВСКИ И КУЗМАНОВСКИ НАЈДОБРИ АСИСТЕНТИ
Во три одиграни меча, неколку имиња се во преден план. Велковски и Кузмановски имаат по девет асистенции, на третото место е Талески со пет.
Кога сме кај голманите, Мартин Томовски има 19 одбрани, додека Митревски на два меча 16.