Едно поинакво издание на македонскиот првак на гостувањето во Нашице, за разлика од гостувањето кај Монпеље во Лигата на шампиони. По вторпат во само седум дена е поразен од Нексе со 28-25 во меч од СЕХА-лига. На оваа средба не настапи ниту Тимур Дибиров, кој беше во составот, но не влезе во игра. Од претходно не отпатуваа Анте Гаџа и Борко Ристовски.
Моралес со седум гола беше прв стрелец, четири запиша Оливие Њокас, додека голманите заедно 10 одбрани (Томовски запиша осум, Гогов две). Јагањац и Вејн беа добитниот тандем на противникот, заедно реализираа 13 погодоци.
Домашниот состав ги казнуваше сите грешки на „црвено-црните“, поведе со 6-3 во 11. минута, а потоа со 10-4 на средината на првиот дел. По последните 13-7 во 21. минута, Вардар со серија од 5-2 на полувремето намали на 15-12, Томовски одбрани седмерец.
Со два гола во низа Нексе на стартот на второто полувреме поведе со 17-12. Избраниците на Давид Дејвис беа далеку од посакуваното ниво, правеа почетнички грешки. Во отсуство на Дибиров, се обиде Ѓукиќ, но не успеа, Кузмановиќ го прочита.
Нексе одржуваше предност од четири гола (20-16) до 43. минута, конечно да другата страна домашниот состав имаше два нереализирани напади. Георгиевски, Моралес и Оливие Њокас доближија на 20-19, благодарение на добрата дефанзива, како и Томовски.
Хрватскиот состав попушти, одново зголеми на плус три (23-20) на стартот на последните десет минути. И двата тима останаа со играч помалку. По последните 25-22, Вардар дојде на 25-24, не искористи плус напад за израмнување претходно. На другата страна следеше казна, Нексе поведе со 27-24 на минута и пол до крајот.