Бразилецот Кабрал е главна тема на социјалните мрежи, но и медиумите во Италија.

Артур Кабрал беше доведен во Фиорентина од Базел како замена за Душан Влаховиќ. За Кабрал платија 15 милиони евра.

На прес-конференцијата со која претседаваше портпаролката на клубот од Фиренца Росела Петриљо, Кабрал не престана да зјапа во неа. Додека Петриљо зборуваше, Бразилецот ја зјапаше, а во еден момент го извади јазикот и ги лижеше усните.

Инаку, се работи за 23-годишен Бразилец кој во првиот дел од сезоната на 18 натпревари за Базел постигна 14 гола и запиша четири асистенции. Во Базел пристигна од Палмеирас.