Еурофарм Пелистер му одржа ракометна лекција на Партизан сред Белград во СЕХА-лигата и тргна со триумф од 25-23, но натпреварот го одбележа една провокација од навивачите на домашната екипа, „гробари“.

„Гробари“ во 42. минута од натпреварот почнаа да скандираат „Јужна Србија, никогаш Македонија“ со цел да ги испровоцираат ракометарите, но и навивачите на тимот од Битола.