Машката сениорска репрезентација на Македонија патува за Египет со 19 ракометари, а во тимот со кој Лазаров ќе игра против составот предводен од Роберто Парондо ќе има и тројца дебитанти.

Во последен момент падна одлуката во Скопје да останат голманот Градимир Чаневски, левото крило Петар Атанасијевиќ и десниот бек Томислав Јагуриновски. Последниот од оваа тројца остана во Скопје поради повреда на зглобот.

Ова значи дека во тимот се најдоа тројца ракометари кои ќе дебитираат за А-репрезентацијата. Еден од нив е младинскиот репрезентативец Кристијан Симоноски, додека другите беа дел од кадетската репрезентација на последниот ЕХФ шампионат во Скопје, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.

Ќе бидат одиграни два натпревари. Дуелите се предвидени за петок и сабота во 18 часот.

СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ЕГИПЕТ

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски

ЛЕВИ КРИЛА: Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски

ЛЕВИ БЕКОВИ:Филип Талески, Филип Кузмановски, Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ

СРЕДНИ БЕКОВИ: Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Игор Ѓоргиев, Марко Митев

ДЕСНИ БЕКОВИ: Мартин Велковски, Мартин Серафимов

ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Ненад Костески

ПИВОТИ: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Кристијан Симоноски