Борбата за европските купови во Шпанија се уште не е завршена:, екипата на Валенсија освои три важни бодови во Памплона!
Единствениот гол на натпреварот беше дело на Алмеида во 18. минута, по што Осасуна тргна во целосна офанзива, но не успеа да најде начин како да го матира Мамардашвили.
Осасуна имаше поголем посед на топката, но се обиде само еднаш во рамките на противничкиот гол, а не реализираше и пенал преку Анте Будимир во самиот финиш од натпреварот.
„Лилјаците“ во моментов имаат 47 бодови на седмата позиција во Ла Лига, односно три помалку од Реал Сосиедад со кој ќе води битка за место во пласман во Конференциската лига.