Фудбалерите на Аталанта на домашен терен во Бергамо, прокоцкаа скоро сигурна победа против Верона (2-2) во 32. коло од Серија А и направија чекор назад во трката за Лигата на шампиони (ЛШ).
Скамака во 13. минута беше стрелец за 1-0, а набрзо погоди и Едерсон за 2-0, по што Аталанта мислеше дека лесно ќе ги освои бодовите, но Верона во вториот дел се разбуди и преку Лазовиќ и Нослин израмни на 2-2.
Аталанта е на шестата позиција во Серија А со 51 бод, односно осум бодови помалку од четвртопласираната Болоња.