Атлетик Билбао го совлада Атлетико Мадрид со 2-0 (1-0) во 34. коло од шпанската Ла Лига.
Јунак на триумфот на баскискиот тим е Ињаки Вилијамс, кој го „примора“ Хермосо уште во осмата минута да ја испрати топката во сопствената мрежа, а потоа да се запише во листата на стрелците. Тоа го направи од пенал во 56. минута и тоа беше доволно за триумф.
Избраниците на Диего Симеоне беа немоќни во текот на целиот натпревар на „Сан Мамеш“, иако имаа можности преку Џефри Кондогбија во првото полувреме и Антоан Гризман во вториот дел.
Во третата минута „јорганџиите“ можеа да постигнат барем утешен гол, но Анхел Кореа ја погоди стативата.
Билбао и понатаму е на 8. место, сега со 51 освоен бод, додека Атлетико има 10 повеќе и по ова коло ќе остане на 4. позиција која води во Лигата на шампионите.