Ракометарите на Охрид дојдоа до шестата победа во Суперлигата, откако во „езерското дерби“ без поголеми проблеми ја совлада Струга 29-18 (14-7). .
Натпреварот беше решен во првото полувреме бидејќи по голот за 1-1, Стружани примија дури шест и резултатот беше 7-1. До полувремето се играше гол за гол и зе замина на одмор со резултат 14-7.
Ниту во второто полувреме Струга немаше возбуда, т.е. продолжи добрата игра на Охрид.
До крајот предноста растеше и конечен резултат од 29-18.
Најефикасен играч на натпреварот беше Влада Кастратовиќ од Струга со девет погодоци, а кај охриѓани се истакна Тасески со шест и Шилегов со пет гола.