Фудбалската селекција на Македонија ќе патува во Порто на финалниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот против Португалија. По победата над Италија, момците на Милевски се на чекор до прв историски пласман на Светското првенство.
УЕФА ги делегираше официјалните лица за натпреварот во вторник, а на центарот ќе застане прославениот англиски арбитар Ентони Тејлор. 43-годишниот судија ќе има помош од Гери Бесвик и Адам Нун крај аут линиите, како четврти е делегиран Мајкл Оливер, додека во ВАР собата ќе работи Крис Кавано и Стјуарт Атвел.
Тејлор нема првпат да ѝ суди на Македонија. Дури, судбината си поигра така што Англичанецот беше на центарот и во Тбилиси, кога Македонија преку Грузија се пласираше на Европското првенство. Еднаш Ентони Тејлор ни донесе среќа, па нека биде така и на „Драгао“…