Суперталентираниот бразилски фудбалер игра одлично оваа сезона. Од Шпанија пристигнуваат информации дека Реал сака да го задржи уште неколку години, па се подготвува нов договор,
Винисиус дојде во Реал Мадрид од Фламенго во јули 2018 година за 45 милиони евра.
Во тековната сезона Винисиус одигра 50 официјални натпревари за Реал и постигна 20 гола со 21 асистенција.
Се шпекулира дека Реал сака да му понуди договор до 2028 година со плата од 10 милиони евра годишно.
Она за што најмногу се зборува е откупната клаузула која Реал планира да ја стави во договорот.
Ако некој сака да го купи Винисиус, за него ќе треба да издвои дури милијарда евра!
Со ова Реал сака што подолго да го задржи младиот Бразилец во своите редови и тој да биде заштитно лице на клубот од Сантијаго Бернабеу во наредните сезони.