Се одиграа првите два натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите. Милан освои недоволен бод против Порто додека Реал Мадрид славеше против Шахтјор .
Милан – Порто 1:1
И додека во италијанското првенство игра и изгледа добро, Милан во Лигата на шампионите никако не може да одигра вистински и квалитетен натпревар без осцилации во перформансите. По трите порази во првите три кола, против Порто бараше три бода за да остане во игра за премин во наредната фаза, но мораше да се задоволи со бод по ремито 1:1.
Тој бод малку му значи бидејќи само теоријата го држи во игра за второто место. Ќе треба до крај да слави и против Ливерпул и Атлетико, а останатите резултати да се поклопат за да го направи посакуваниот резултат . Во овој момент, дури ни третото место не изгледа веројатно.
Против Порто многу брзо прими гол, во шестата минута Грујиќ се избори за топката и го пронајде Луис Дијаз кој лесно погоди.
Во второто полувреме неколку сантиметри го делеа Порто од зголемување на водството, но Еванилсон ја погоди гредата.
Ситуацијата се промени во 61. минута кога со многу среќа израмни Калулу враќајќи ја топката во шеснаесетникот, но Мбемба ја смести во својата мрежа за конечни 1:1.
https://www.youtube.com/watch?v=5f1_4eENsx0
Реал Мадрид – Шахтјор 2:1
Реал Мадрид стигна до победа против Шахтјор од 2:1 и е лидер во групата со девет бода. Шахтјор конечно го постигна првиот гол во Лигата на шампионите оваа сезона, одиграа добар натпревар, но останаа без бодови.
Реал поведе во 14. минута со голот на Карим Бензема на асистенција на Винисиус Жуниор, што воедно е 1000. гол на Реал Мадрид во најголемото европско фудбалско натпреварување, со што стана првиот клуб што ја достигнал таа бројка.
Шахтјор се опорави од примениот гол во раната фаза од натпреварот и успеа да израмни преку Фернандо пред да замине на одмор.
Во вториот дел Реал веднаш поведе после една прекрасна акција повторно преку Бензема и повторно на асистенција на Винисиус Жуниор .
Шахтјор се обидуваше да израмни до крајот на мечот, но не успеа.
https://www.youtube.com/watch?v=PBsB6N9XSfY