Реал Сосиедад оствари голема победа на гости (0-2) против Салцбург во второто коло од групата Д во Лигата на шампионите. Шпанскиот тим поведе со голот на Микел Ојарзабал во седмата минута, а вториот гол беше дело на Браис Мендес.
Брага со голем пресврт победи со 2-3 против германскиот Унион Берлин на гости. Унион Берлин имаше водство од 2-0, со головите на капитенот Шералдо Бекер, но надежта за Брага ја врати Сиду Нијакате во 41.минута.
Во вториот дел, Брума израмни на 2-2 во 51.минута, а во судиското продолжение од мечот Андре Кастро ги шокираше домаќините.
Баерн Минхен со пресврт славеше на гости против Копенхаген со 1-2. Лерагер донесе предност за Данците, но Мусијала израмни, а Матис Тел беше џокерот на баварскиот клуб за триумф.
Интер ја победи Бенфика со 1-0, со голот на Маркус Турам во 62.минута.
Арсенал е поразен на гости во Франција од Ленс со 2-1. Габриел Жесус го отвори резултатот, но Томасон и Вахи донесоа триумф за Ленс.
ПСВ Ајндховен и Севилја ремизираа 2-2.