Пари Сен Жермен во рамки од десеттото коло во француската Лига 1, со минимални 1-0 го совладаа тимот на Ленс.
За парижаните ова беше трета победа во низа во домашното првенство, но таа дојде по неочекуваното реми со ПСВ Ајндховен во ЛШ. Со овие три бода тимот на Луис Енрике ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Монако на шест бода, додека Ленс остана на седмото место.
Натпреварот на „Паркот на принцевите“ го одлучи Осман Дембеле, кој уште во четвртата минута, на додавање на Баркола ја затресе противничката мрежа и го постигна единствениот гол на дуелот.
Во следното коло ПСЖ гостува кај Анже, додека Ленс по двата врзани порази бодови ќе бара на свој терен против Нант.