Кошмар стана животот на фудбалската легенда Андреј Шевченко откако Русија ја нападна неговата родна Украина. Фудбалерот пред неколку дена повика на мир од Лондон, но пред неколку часа го трогна светот со признанието дека војната е на неколку метри од неговиот дом, а неговата мајка е загрозена.

„Фудбалот повеќе не постои за мене бидејќи животите на најблиските се во опасност. Вечерва мајка ми ме разбуди за да ми каже дека пукаат веднаш до неа. Живее во близина на аеродром што е бомбардиран од Русите. Куќата се тресе од експлозиите, се слушаат истрели. Тетка ми живее во подрум веќе четири дена и е под земја, се плаши да излезе. Зборовите не се доволни за да се опише ситуацијата. Ни треба помош. Благодарност до сите што ни подарија рака, но ни треба поголема поддршка. Секоја минута доцнење може да биде фатална“, изјави Шевченко за медиумите.