Австриецот Даниел Хубер победи на последната станица од новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Бишофсхофен.
Со овој триумф тој не го спречи Рију Кобајаши да дојде до титулата, туку го осуети во друга намера.
Јапонецот сакаше нов Грен слем (првиот го освои во 2019 година), но по победите во Оберсдорф, Гармиш и Бишофсхофен (наместо Инсбрук) не успеа на последата скокалница.
Кобајаши заврши петти, но тоа беше доволно за да биде севкупен победник на новогодишната турнеја.
На подиумот во Бишофсхофен беа и Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд и Германецот Карл Гајгер.
Гајгер беше тој што имаше шанса да победи со последниот скок, но неговиот втор обид не беше задоволителен.
Во Топ 10 се најдоа и Јукија Сато, Риоју Кобајаши, Роберт Јохансон, Јан Херл, Маркус Ајзенбихлер, Ловро Кос и Мариус Линдвик.
Топ 10 „Четири скокалници“:
1. Риоју Кобајаши 1162.3
2. Мариус Линдвик 1138.1
3. Халбор Егнер Гранеруд 1128.2
4. Карл Гајгер 1123.6
5. Маркус Ајзенбихлер 1117.6
6. Роберт Јохансон 1107,9
7. Ловро Кос 1093.0
8. Јан Херл 1075.7
9. Јукија Сато 1064.7
10. Стефан Леје 1021.9