Шпанија ќе има шанса да стане втората селекција по Шведска која успеала на три Европски првенства во низа да се искачи на тронот. Бранителот на титулата одигра феноменален натпревар во полуфиналето против Данска. Жорди Рибера уште еднаш се покажа како голем тактичар, ја пронајде правата одбрана во вториот дел, Перез де Варгас царуваше на голот, Гомез одигра уште еден феноменален меч, а Жоао Кањелас уште еднаш покажа што значи за својата земја.
Сето ова беше доволно да се урне Данска и да се завери финале. Екс-Вардарецот, Кањелас победата ја опиша со еден збор – НЕВЕРОЈАТНО!