Вардар не успеа да ја повтори сензацијата од Скопје и по втор пат да го совлада дански Алборг.

Но ако е за утеха вардаровото десно крило Тимур Дибиров е играчот кој го постигна најефектниот гол ова 5 коло од ракометната Лига на шампиони. Тимур беше и најефикасен играч на црвено црните со 9 голови и сите ги постигна во првото полувреме.

Секако овој гол беше мерак за очи.