Навистина голема штета е што за Македонија е завршено Европското Првенство.
Македонската ракометна репрезентација загуби со резултат 24:28. Црногорците сосема заслужено стигнаа до победата и водеа цел натпревар.
А ние како аутсајдери, бркавме, се трудевме, баравме шанса за да дојдеме до водство но тоа не се случи.
Чиста десетка за голманското дуо Митревски-Томовски кои заедно имаа 14 одбрани. Останатите за голема нула. Особено бековите, бидејќи ракометот го креираат бековите, останатите зависат од нив. Не дека Цветан Кузмановски, Костески, Гоце Георгиевски и Жарко Пешевски одиграа на ниво ние натпреварот го загубивме поради нашите бекови кои секоја година се надеваме дека ќе заиграат подобро.
Техничките грешки на Велковски, Серафимов, Талески и Филип Кузмановски скапо не чинеа. Синдромот “Клара Боева” владее и во машката македонска репрезентација. На 25-26 години сеуште ги викаме големи таленти на мак ракометот. Тие уште некоја година ќе одат во пензија ама за нас се таленти на кои треба да им се даде шанса и допрва да се докажат.
И за крај кога незнаењето го покривавме со борбеност и игра со срце овојпат и тоа изостана. Муабетот од типот “да сме живи и здрави, догодина ќе бидеме подобри” ќе кружи кај љубителите на ракометот но останува горчината дека можевме повеќе а останавме со празни раце.
Лазаров ќе треба да размисли што може да направи со овие играчи и каква ќе биде иднината на македонската ракометна репрезентација.
Нареден натпревар е со светскиот првак Данска во понеделник па останува да се молиме да не доживееме тежок пораз и како фенерџии да го завршиме ова првенство.