Интерес за Суле има и од Барселона, но негова желба е да си ја проба среќата во Премиер – лигата. Друга предност на Англичаните е тоа што таму тренер ќе му биде Германецот Томас Тухел, а Суле со задоволство би играл под негово водство.
Баерн Минхен се обиде да го задржи дефанзивецот кога му понуди нов договор, но тој ја одби новата соработка.
Баварците веќе го бараат неговиот наследник, а куриозитет е што се обратија кон Андреас Кристенсен од Челси, на кого исто така му истекува договорот.
Така двата клуба можат да разменат играчи во текот на летото.