Репрезентацијата на Исланд ја оствари првата победа во квалификациите за Европското првенство (ЕП), откако вечерва беше подобра со 7-0 од Лихтенштајн, а хет-трик постигна Арон Гунарсон.
Кошмарот за домаќините започна уште во третата минута, кога Олафсон погоди за 1-0, а потоа Харалдсон даде гол за 2-0 во завршницата од првиот дел.
Во второто полувреме на сцена стапи Гунарсон со три голови, од 48. до 73. минута за предност од 5-0 на Исланд, а победата ја запечатија Гудјонсен и Елертсон.
Словенија потешко од очекуваното, го совлада Сан Марино со 2-0, а во листата на стрелци се запишаа Шешко и Ди Маио, кој си постигна автогол.