Македонскиот напаѓач, Дориан Бабунски се запиша во листата на стрелци во победата на Дебрецин над Хонвед во унгарскиот шампионат.
Домаќините славеа со 4-3, а истиот го најави токму нашиот репрезентативец со својот погодок во 15 минута. Ова за него беше трет лигашки погодок на вкупно седум натпревари.
Дебрецин со 10 бода е на 7. место на табелата.