Кошаркарите на ЛА Лејкерс го претрпеа деветтиот пораз во 11. меч сезонава, откако загубија во градското дерби против ЛА Клиперс (101-114), што е и деветти неуспех во низа во битката на Лос Анџелес.
Неуспехот и не би бил толку болен, ако „езерџиите“ истовремено не го загубија и Леброн Џејмс, кој се повреди во последната четвртина. „Кралот“ почувствувал болка во препоните што е слична повреда кога пред четири години мораше да пропушти 17 натпревари од сезоната. Добро за фановите на Лејкерс е што тој тврди дека болката сега не е толку силна како пред четири години.
„Не направив ништо невообичаено. Лошо доскокнав и почувствував притисок во препоните. Ќе се обидам да се опоравам со брза терапија за да бидам подготвен за игра колку е можно побрзо“, изјави Леброн по мечот.
Ѕвездата на „езерџиите“ до повредата имаше 30 поени со четири тројки.