На денот кога христијаните го слават раѓањето на Исус Христос, Златан Ибрахимовиќ уште еднаш објави непримерна фотографија од „среден прст“ и со тоа повторно ги навреди верниците ширум светот.
Златан во неколку интервјуа изјави дека не верува во Бог, туку исклучиво во себе, но и често потенцираше дека ги почитува сите вери.
Интересни се и двосмислените пораки што ги испраќа на социјалните мрежи, а неколку дена претходно објави фотографија со папата Франциско во Ватикан на која пишува „мир и љубов“. Во една прилика тој беше фотографиран пред Миланската катедрала, а во описот: „Куќата Господова“.
Златан во последните години објави фотографии од џуџиња, лавови, раката на Дедо Мраз која го покажува средниот прст, а ги налути верниците во 2017 година (играше за Манчестер Јунајтед) кога објави фотографија на која има фотомонтажа како се бори со ѓаволот.