Интер Мајами ноќеска убедливо го совлада тимот на Орландо (5-0) во меч од МЛС лигата во кој Лионел Меси постигна два гола, а имаше можност да постигне уште еден и тоа од слободен удар.
Растојанието беше идеално за Аргентинецот, но овојпат не беше прецизен, туку промаши далеку повеќе од очекуваното. Топката помина преку живиот ѕид, но и преку голот на противникот и удри во бебе кое беше на трибините со неговата мајка.
Таа, за среќа, не заврши директно во бебето туку само го допрело, но и тоа било доволно за да почне да плаче.