Досегашниот играч на тимот на Фулам, и актуелен младински репрезентативец на Португалија, Фабио Карваљо е нов член на тимот на Ливерпул. Момчето кое во моментов има 19. години и кое е едно од најперспективните на својата позиција, офанзивен играч за врска, односно крилен напаѓач, му пристапува на клубот од Енфилд, по неколкумесечни преговори. Оваа информација ја сподели првиот човек на Фулам, Тони Кан, кој не ја објави и сумата под која Карваљо заминува во Ливерпул, но јавноста тврди дека е поголема од првичните седум милиони фунти кои беа поставени како почетна цена.
Карваљо инаку уште како дете заедно со семејството пристигна во Англија и во младинските категории настапуваше за Гордиот Албион пред да го промени спортскиот пасош и да замине во Португалија.