Лирим Ќамили продолжува со одлични игри, но постигнува и голови во данскиот шампионат.Тој постигна гол во ремито на неговиот тим Сондерјиске против екипата на Бронби (2-2).

Македонскиот репрезентативец Ќамили  противничката мрежа ја погоди во 66. минута со што ја намали негативата на 1-2. По нафрлената топка од корнер умешно се снајде во мешаницата пред противничкиот гол и ја смести топката во празната мрежа.

За македонскиот фудбалер тоа беше седми гол во данската фудбалска лига. Ќамили одигра скоро цел натпревар со Бронби, одигра 89 минути и беше заменет со нашиот Иван Николов. Сефер Емини го одигра целиот натпревар.