Лионел Меси повторно ја освои „Златната топка“ за најдобар играч во светот во изминатата 2021 година.
Аргентинецот беше избран во тешка конкуренција пред Роберт Левандовски, Жоржињо, Карим Бензема и Н’Голо Канте, кои по тој редослед се поредија по Меси. Кристијано Роналдо го зазеде „само“ или „дури“ шестото место, пред Салах, Де Брујн, Донарума, Халанд …
За Меси ова е седма, рекордна „Златна топка“, сега има две повеќе од Кристијано Роналдо и тешко дека Португалецот ќе успее да го стигне во 2022 и 2023 година.
Меси ја доби наградата за најдобар во светот во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година, а најмногу ја освои затоа што како капитен и најдобар играч ја предводеше Аргентина до трофејот на Копа Америка.
Покрај тоа, со Барса го освои и Купот на кралот, беше прв стрелец на Ла Лига со 30 гола, но не успеа да стигне до трофејот .
Во суштина, тој беше статистички индивидуално, како и секогаш извонреден, не како Левандовски, но го освои најважниот репрезентативен трофеј и беше најдобар играч на Копа Америка.
Многумина се прашуваа како Жоржињо како победник на Лигата на шампионите и на Европското првенство и како важен шраф на Челзи и Италија не е прогласен за најдобар, па поради ваквите прашања оваа награда повеќе не ја сфаќаат како некогаш
Конечно, интересно е да се потсетиме на вечниот список кој дополнително ќе покаже зошто никој никогаш нема да го престигне Меси.
По него се седум, Роналдо со пет, а потоа следат Мишел Платини, Јохан Кројф и Марко ван Бастен со три „Златни топки“.
Значи, неопходно е некои од активните играчи, како Мбапе, Халанд или некој друг, да доминираат толку многу во следната деценија што ќе бидат најдобри во седум од, да речеме, 10, 11 години.