Младата репрезентација на Македонија до 19 години оствари убедлива победа со 4-0 против Саудиска Арабија на пријателски натпревар во Тарагона, Шпанија.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски ја потврдија својата добра форма и продолжија со добрите игри и резултати. Македонија до 19 години одигра одличен натпревар постигнувајќи четири голови во мрежата на С.Арабија.

Елмас погоди во 21. минута за водство на Македонија од 1:0. По одличниот центаршут на Марковски, Величковски во 33. минута се најде на вистинско место, биеше со глава за предност од 2:0.

Македонија продолжи во ист ритам како што го заврши првото полувреме. Зенделовски во 83. минута постигнува еврогол за убедливо водство на од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Николовски во 90. минута од дуелот.

Македонија: Џеков, Елмас, Стојилевски, Аризанковски, Величковски, Зенделовски, Назифи, Ѓорѓи Џеков, Фетаи, Ѓоргиевски,Марковски