Неизвесно беше само во првиот сет иако немаше најава за тоа, Ѓоковиќ имаше водство од 5-1, а Томи Пол направи неочекувана серија и дојде до 5-5. Српскиот тенисер се врати од падот, ги доби наредните два гејма и го освои сетот со 7-5.
Вториот сет Ѓоковиќ го доби лесно со 6-1, а третиот со 6-2, со што ја комплетира победата од 3-0 во сетови.
За Новак Ѓоковиќ ова ќе биде десетто финале на Австралија опен, досега ниту еднаш нема загубено.
Во недела во финалето од 9:30 часот, Ѓоковиќ ќе игра против Циципас кој во полуфиналето го совлада Хачанов со 3-1.