Хрватот Јошко Гвардиол (21 година), и официјално стана најскап дефанзивен во историјата, откако неговиот досегашен клуб Лајпциг потврди дека го продале во Манчестер сити за отштета од – 100 милиони евра.
Преговорите помеѓу двата клуба траеа долго време, но на крај завршија со насмевка на лицето на Пеп Гвардиола, кој конечно ќе го донесе фудбалерот од одбраната кого долго време го посакуваше.
Стоперот се најде во фокусот поради одличните игри на СП 2022 во Катар, а ништо полош не беше ниту на средбите од Лигата на шампионите. Сити за Гвардиол ќе биде најголем предизвик во кариерата, со оглед што освен за Лајпциг тој има играно само уште за Динамо Загреб.