Репрезентацијата на Германија е прв финалист во ракометното финале на Летните Олимписки игри откако во полуфиналето беше подобра од Шпанија со 25:24.
Херој за Германците беше голманот Андреас Волф кој натпреварот го заврши со 21 одбрана. Посебно се истакна Волф во клучните моменти кога Шпанците стигнуваа на двапати до позитива од еден гол.
Во тие моменти Волф не дозволи „црвената фурија“ да се „одлепи“, па така ја остави својата селекција во егал. Најефикасен во натпреварот беше Ушчинс со шест гола, додека за Шпанија пет голови постигна Фернандез.
Правдата на овој натпревар ја делеа македонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.