Српскиот голман Миле Свилар е нов играч на Рома, пренесува Фабрицио Романо.

Фудбалскиот инсајдер пренесува дека Свилар бил на лекарски прегледи и дека се е готово со римскиот клуб.

Свилар потпиша договор со Рома до 2027 година.

Жозе Мурињо го сакаше Свилар и Србинот не ја одби таа покана.

Тој ќе остане во Бенфика до крајот на сезоната и од лето како слободен играч ќе пристигне во Рома.

Свилар има 22 години, а кариерата ја започна во Андерлехт во 2016 година, кој го продаде на тимот од Лисабон за 2,5 милиони евра.

Момчето родено во Антверпен има и еден настап за српската репрезентација.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1508109774570852361?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1508109774570852361%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D03dd%3D27nav_id%3D2129453