Стружанецот Мирче Калајџиески блескаше на кадетското СП во ракомет, па потпиша за вториот тим на Еурофарм Пелистер. РК Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/24. Нов член на битолскиот клуб е кадетскиот репрезентативец Калајџиески. Се работи за талентиран 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.

Тој е ракометар со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, тежок 80 килограми. Со неговото доаѓање продолжува составувањето на респектабилен млад тим, кој ќе има што да покаже во Суперлигата. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години .