Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ја освои МВП наградата во ланската сезона, а е прв фаворит за да го повтори успехот и оваа година.

Српскиот центар има просек од 26,1 поени, 13,9 скока и 8,1 асистенции по натпревар. Тоа на Денвер му носи скор од 40 победи и 27 порази, што е доволно за шестата позиција во западната конференција.

Меѓу првите десет кандидати се уште Џа Морант, Демар Дерозан, Џејсон Татум, Лука Дончиќ,  Стеф Кари, Девин Букер и Крис Пол.