Тимот на Реал Мадрид славеше во дуелот од седмата рунда во шпанскиот шампионат против Алавес (3-2). Реал можеше од готово да направи вересија во финишот, бидејќи дозволи ривалот од 3-0 да се врати до 3-2.
Клучен момент можеше да биде во 83. минута кога судијата Руиз му „опрости“ црвен картон на младиот Ендрик. Бразилскиот напаѓач влезе од клупата, а во еден момент ги загуби нервите и намерно клоцна противник.
За тоа тој доби само опомена со жолт картон од страна на главниот судија. Зачудувачки е зошто тука не реагираше ВАР собата, бидејќи јасно се гледаше намерата на Ендрик да го удри противникот…