Карл Ентони Таунс, центарот на Минесота Тимбервулвс, победи во конкуренцијата во брзо шутирање тројки на овогодинешниот Ол Стар.
Карл Ентони Таунс, центарот на Минесота, стрелаше подобро во финалната серија од плејмејкерот на Атланта, Тре Јанг и бекот на Лос Анџелес Клиперс, Лук Кенард.
Други учесници беа Фред Ванвлит, Дезмонд Бејн, Зак Лавин, Си Џеј Меккалум и Пети Милс.
Си Џеј Меккалум, новиот играч на Њу Орлеанс Пеликанс, прв излезе на паркетот и постигна 19 поени, потоа дојде Кенард и со 28 поени потврди дека е фаворит, Зек Лавин потоа беше елиминиран со само 14 поени.
На сцена стапи Пети Милс и освоо 21 поен, па Карл Ентони Таунс отиде во финалето со 22, за Тре Јанг да успее да биде подобар од Милс и наместо него да се најде во последната рунда.
Таунс во финалната серија го запали Кливленд и зачекори кон титулата најдобар тројкаш со 29 поени, што се потврди по послабата серија на Тре Јанг (26) и Лук Кенард (исто така 26 поени ).