Според италијанските медиуми, Македонецот побарал писмена гаранција од стручниот штаб дека ќе игра повеќе во следната сезона, со цел да избегне подолго да седи на клупата, нешто што му се случуваше досега. Елмас можеби настапи на најголемиот дел од средбите на наполитанците во минатото првенство, но во најголем дел почнуваше како резервист и ги добиваше најчесто последните половина час од мечот. Тој на 46 средби постигна седум погодоци.
Наполи засега нема добиено барање за евентуален трансфер на македонскиот фудбалер, но ако неговите услови не бидат исполнети, тој самиот ќе почне да бара опција што би била подобра од играчки аспект. Елмас во Наполи дојде во 2019 година од Фенербахче за сума од 16 милиони евра плус бонуси и тоа на барање на тогашниот тренер Карло Анчелоти, кој сега седи на клупата на Реал Мадрид.