Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема игра во животна форма. Сепак, сето тоа е е гаранција за да не оди во затвор. Судскиот процес против славниот фудбалер започна во Франција под обвинение дека во 2015 година, со уште четири лица, со експлицитни видеа го уценувал тогашниот соиграч од националниот тим, Валбуена.
За делото изнудување, францускиот закон предвидува казна до пет години затвор. Како што беше претходно напишано, Бензема го уценуваше Валбуена да плати помеѓу 50 и 100 илјади евра, за да не се објави видеото. Карим Бензема негираше вмешаност во целиот случај, но конечната одлука сепак ќе ја донесе судот.
По таа афера, селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам, ги исфрли двата играчи од тимот. Тој беше упорен во својата одлука до Европското првенство минатото лето, кога Бензема се врати во тимот.
Освен фудбалерот на Реал, меѓу осомничените беше и поранешниот француски репрезентативец, Џибрил Сисе. Тој беше приведен, но по сослушувањето беше ослободен.