Фудбалерите на Џенова пропуштија голема можност да го совладаат актуелниот италијански шампион Наполи, на домашен терен прокоцкаа убава предност од два гола и на крајот мораа да се задоволат само со бод (2-2).
Џенова не успеа да ја задржи предноста на дуелот со Наполи во натпревар од четвртото коло на Серија А.
Италијанскиот репрезентативец Ретегуи во 56. минута го зголеми водството на Џенова, по што тГарсија мораше да ги повлече и последните потези во обид да направи резултатски пресврт.
Резервистот Распадори успеа да намали во 76. минута, а Политано кој го замени нашиот Елмас на полувреме. постигна атрактивен гол во 86. минута за израмнување и целосно враќање на актуелниот првак во натпреварот.
Џенова стигна до четвртиот бод сезонава, додека Наполи има три повеќе по четири натпревари.