Следната година Светското првенство во Катар ќе се одржи во ноември и декември.
Дефинитивно најоригиналниот стадион и нешто ново во светот на фудбалската инфраструктура е стадионот наречен Стадион 974, а тој број во неговото име го означува бројот на транспортни контејнери од кои е изграден.
Иновативниот дизајн на стадионот 974 е инспириран од светската трговија и поморството на Катар. Бројот 974 носи и една симболика, бидејќи тоа е меѓународната шифра за Катар.
Иновативниот дизајн со 40.000 седишта има извонреден дизајн и ќе биде првото целосно демонтажно место за одигрување на турнирот во историјата на Светските првенства. Тоа значи дека по завршувањето на првенството стадионот целосно ќе биде демонтиран и отстранет.
„Ова поставува нов стандард во одржливоста и воведува нови смели идеи во планирањето на наследството на турнирите“, тврдат организаторите.
Се наведува и дека по демонтажата на стадионот, освен контејнерите, други делови од стадионот, како седиштата, покривот и другите компоненти, ќе имаат намена и ќе се користат со години, па и со децении.
„Стадионот 974 создаде иновативен план што ќе го следат многу други“, веруваат катарските градежници.
Погледнете за каква градба се работи.