Според Адријан Војнаровски, големи трејдови ќе се одвиваат во НБА, а меѓу другите ќе бидат вклучени и Кевин Дурент и Расел Вестбрук .
Многу работи се случуваат зад сцената во НБА, а како што известуваат ESPN и Адријан Војнаровски, ќе бидеме сведоци на големи размени на играчи.
Една од нив е заминувањето на Кевин Дурент од Бруклин Нетс во Феникс Санс, кој треба да ги испрати Микал Бриџис, Кам Џонсон, Џеј Краудер и незаштитени пикови во 2023, 2025, 2027 и 2029 година во Бруклин.
Заедно со Дурент, Санс треба да го добијат Т.Џ. Ворен. Големата НБА ѕвезда побара да си замине, а новиот сопственик на Санс, Мат Ишбија, организираше голем трејд.
Голема размена ќе се случи меѓу Лос Анџелес Лејкерс, Минесота Тимбервулфс и Јута Џез, исто така според Војнаровски.
Така Лејкерси ќе ги доведат Д’Анџело Расел, Малик Бисли и Џеред Вандербилт, Волвс ќе ги добијат Мајк Конли, Никеил Александер-Вокер и пикови, додека Џезерите ќе ги добијат Расел Вестбрук, Хуан Тоскано-Андерсон, Демијан Џонс и првите 4 пикови на Лејкерси на драфтот во 2027 година.