Барселона го освои првиот трофеј сезонава откако триумфира во Супер купот на Шпанија. Во големото финале кое се играше во Ријад, Саудиска Арабија, каталонскиот гигант со 3:1 дојде до победа против Реал Мадрид.
Младиот 18-годишен Гави беше прогласен за најдобар играч во финалето и тоа признание тинејџерот го доби сосема заслужено затоа што директно учествуваше во сите три погодоци на Барселона.
Гави беше играчот кој го постигна првиот погодок во финалето, а потоа имаше и две асистенции. Прво му додаде на Левандовски за зголемување на водството на 2:0, а во вториот дел одлично асистираше до Педри при акцијата за 3:0.
Со оваа игра Гави постигна рекорд во 120-годишната историја на Ел Класико. Со 18 години и 163 дена, Гави е најмладиот фудбалер кој на најголемото дерби во светот успеал во еден меч да даде гол и да асиситира на погодок. Гави едноставно се промовира во фудбалер кој треба да биде иднината на клубот.