Дански ГОГ го здроби Алборг со осум разлика (32-24), а Веспрем вторпат го победи ПИК Сегед (38-33) и се пласираа во четвртфиналето во ракометната ЛШ, во битката за места на фајнлфор во Келн.
ГОГ загуби во првиот натпревар со пораз од 28-30, но веќе до полувреме ја достигна негативата, и направи чекор кон четвртфиналето со 15-11 на паузата. Во вториот дел одиграа одлично и со убедливи плус осум ја добија пресметката за заверка на триумфот и пласман меѓу осумте најдобри во ЛШ.
Питлик даде осум гола, а Јоргенсен и Вернсдорф по седум во убедливиот триумф на ГОГ.
Веспрем само формално го одигра реваншот во унгарската пресметка со ПИК Сегед, зашто после триумфот со 13 разлика во првиот меч (36-23), јасно беше дека имаат четвртфинале, па сега таа само ја потврдија со нова победа во која Лауге даде девет, а Маргуч седум гола.
Веспрем во четвртфиналето ќе се сретне со полски Кјелце, додека ГОГ за фајнлфор ќе се бори против Барселона. Во другите две четвртфиналиња ќе играат Магдебург со Висла Плоцк односно ПСЖ со Кил.