Миркуловски кажа дека целта на Македонија е остварена и ќе игра на Светското првенство (СП), а притоа вели дека му било чест што бил дел од Македонија.
„Целта е остварена, се пласиравме на СП и тоа ми беше најважно. Овој меч беше полн со емоции за мене затоа што е последен за мене. Секогаш е убаво чувството кога се игра за Македонија. Чест ми е што играв 20 години за оваа репрезентација. секогаш го давав максимумот, може да се одигра лошо или добро, но да се гине не може никој да ви забрани. Кога почнав со репрезентацијата беше многу тешко, игравме претквалификации, но овие момци можат да растат на европски и светски првенства“, кажа ракометарот.
Искусниот ракометар вели дека има квалитетни ракометари на неговата позиција и се надева дека ќе имаат успех во иднина.
„Јас мислам дека има многу добри ракометари на мојата позиција. Мислам дека ќе направат голема кариера и ќе имаат голем успех“, вели Миркуловски.